Продолжуваат проблемите на Барселона со повредени фудбалери, а последен на оваа листа е Френк Кеси.
Вчера на натпреварот од Лигата на шампионите против Викторија Плзен Кеси се здоби со повреда на задната ложа. Повредата ја потврди и тренерот Чави по средбата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не е добро, изгледа дека задната ложа е во прашање“, изјави Чави.
Според првите прогнози, Кеси ќе отсуствува околу шест недели, што значи дека ќе ги пропушти Алмерија и Осасуна и ќе биде подготвен кога ќе продолжи првенството на крајот на декември.
Она што треба многу повеќе да го загрижува Чави се честите повреди на неговите играчи. Кеси од почетокот на сезоната е дури деветти играч кој треба да направи одредена пауза, која нема да биде кратка.
Досега беа надвор од терените најмалку три недели, а и до еден месец поради повреди беа: Роналд Араухо, Жил Кунде, Андреас Кристенсен, Ерик Гарсија, Хектор Белерин, Френки де Јонг, Серхи Роберто, Мемфис Депај, а сега им се придружи и Кеси.
Барса напролет има императив и желба да се бори за четири трофеи – Ла Лига, Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп и Лига Европа, а за тоа ќе и треба подолга клупа и свежи играчи.