Дома Фудбал Прогнозите не се добри: Мурињо го отпиша Сон до крајот на сезоната

Прогнозите не се добри: Мурињо го отпиша Сон до крајот на сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хунг Мин, се повреди во натпревар од 26-то коло од Премиер лигата против Астон Вила.

На 27-годишниот напаѓач му беше дијагностицирана фрактура на десната рака, па ќе мора да оди на операција.

Медиумите објавија дека Сон ќе биде надвор од терените 6 до 8 недели, но менаџерот Жозе Мурињо е песимист дека ќе се врати до крајот на сезоната.

„Соопштението на клубот беше дека Сон ќе отсуствува „неколку недели“, но ако го пишував јас соопштението ќе беше поразлично. Мислам дека нема да можам да сметам на него до крајот на сезоната“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тешко повреден водачот на албанските навивачи: Погоден во око, го чека нова операција

Ерјон Вишкули, кој ја предводи групата „Тифозат Куќ е Зи“, е хоспитализиран по протестите …