Дома Фудбал Англија Проблеми за Клоп пред гостувањето во Лондон

Проблеми за Клоп пред гостувањето во Лондон

Ливерпул во викендот кој следи ќе го продолжи патот кон титулата шампион на Англија. Меѓутоа лидерот во Премиер лигата се најде во проблеми.

„Црвените“ ги очекува гостување на „Селхуст Парк“ кај незгодниот Кристал Палас, а на тоа гостување сигурно ќе одат без Мохамед Салах и одличниот бек Ендрју Робертсон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Салах и Робертсон не успеаа да се опорават од повредата на скочниот зглоб. Двајцата добија прилика за одмор во текот на репрезентативната пауза, со оглед на тоа дека не настапија за своите селекции.

„Скај Спорт“ сега пишува дека тие нема да патуваат во Лондон.

Освен Салах и Робертсон повреден кај Ливерпул е и Жоел Матип, па и тој веројатно нема да биде во конкуренција за настап против Палас. Матип не играл уште од ремито со Манчестер Јунајтед (пред еден месец) и изгледа дека се уште не се опоравил од повредата на коленото.

Натпреварот од 13-тото коло помеѓу Кристал Палас и Ливерпул се игра во сабота од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…