Дома Фудбал Проблем за Романците пред дуелот со Македонија: Селекторот нема да ја предводи селекцијата

Проблем за Романците пред дуелот со Македонија: Селекторот нема да ја предводи селекцијата

Селекторот на романската фудбалска репрезентација Мирел Радои нема да ја предводи селекцијата на натпреварот против Македонија.

Радои е позитивен на Ковид-19 и мора да биде во изолација, а неговото место ќе го замени асистентот Николае Дича.

„Радои се чувствува добро, без никакви симптоми. Тој е во изолација, и сосема јасно ние останатите од стручниот штаб ќе го водиме тимот во следниот период.“- рече асистентот Дича.

Квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2022 помеѓу Романија и Македонија ќе се одигра на 25 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хоџа ја отвори голгетерската сметка во Англија, Лидс У21 загуби од Хартлпул

Дитмир Хоџа го постигна единствениот погодок за Лидс У21 во поразот со 3:1 кај Хартлпул. З…