Дома Фудбал Проблем за Јувентус: Де Лихт мора да оди на операција?

Проблем за Јувентус: Де Лихт мора да оди на операција?

Oткако многу млад пред неколку години беше клучен играч на Ајакс, Матијас Де Лихт за голема сума премина во Јувентус.

„Старата дама“ минатото лето за младиот Холанѓанец издвои околу 80 милиони евра и се очекуваше веднаш да има значајна улога во екипата. Сепак, на Де Лихт му беше потребно време да се навикне на новата средина, па после послабиот почеток почна да покажува зошто е доведен.

Меѓутоа сега кога се прилагоди се појави нов проблем. Наводно Де Лијт ќе мора да оди на операција поради проблем со рамото кој го мачеше во ремито со Сасуоло во Серија А.

„Кориере ди Торино“ пишува дека Де Лихт од поодамна го мачи овој проблем и дека 20 годишниот дефанзивец веројатно ќе мора да оди на операција.

Доколку дојде до оперативен зафат, Де Лихт ќе биде надвор од тимот до почетокот на новата сезона.

Инаку, сезоната во Серија А се уште не е завршена, а Јувентус го чека и Лигата на шампионите, па клубот ќе мора да одлучи кога е најдобро да се направи операцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест месеци чекаше за една минута: Прпиќ повторно доби шанса во Порто

Доминик Прпиќ влезе во финишот на победата над Виторија Гимараеш, со која Порто го продолж…