Дома Фудбал Лига на шампиони Проблем за Шериф: Приредија сензација во ЛШ, а не можат да си ги добијат парите од УЕФА

Проблем за Шериф: Приредија сензација во ЛШ, а не можат да си ги добијат парите од УЕФА

Mолдавскиот шампион Шериф Тираспол е вистински хит оваа сезона во Лигата на шампионите.

Шериф прво го победи Шахтјор, а потоа и Реал Мадрид, додека во третото коло од групната фаза го доживеа првиот пораз во натпреварот против Интер. За Шериф ова е дебитантска сезона во Лигата на шампионите и во овој момент имаат заработка од 25 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа сега се појави еден проблем. Имено, клубот нема девизна сметка на која УЕФА би им ги уплатила парите. Проблемот е во тоа што молдавските банки одбиваат да работат со девизни сметки.

За овој проблем од Шериф разговарале со молдавската премиерка Наталија Гаврилито на која и ја објасниле ситуацијата и побарале помош затоа што Шерид во овој момент е мотор на молдавскиот фудбал и најдобар амбасадор на државата. Тие се надеваат дека ќе се направи исклучок во националната политика и на крајот ќе добијат девизна сметка.

За работата да биде полоша за Шериф, регионот од кој доаѓаат има своја банка и валута која не е призната во целиот свет и преку неа Шериф не може да оствари никаков прилив на пари од странство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…