Дома Фудбал Проблем за Сити пред важен дел од сезоната, се повреди Рубен Дијас

Проблем за Сити пред важен дел од сезоната, се повреди Рубен Дијас

Манчестер Сити остана без својот најдобар дефанзивец откако се повреди Португалецот Рубен Дијас.

Дијас сега ќе мора да паузира меѓу четири и шест недели и тоа во период кој може да биде клучен во сезоната. Дијас ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул кој е важен во трката за титулата, како и уште неколку важни пресметки во првенството.

Сепак Гвардиола порача дека за него тоа не претставува преголем проблем.

„И претходно сме имале ситуации каде што нашите најдобри играчи беа отсутни. Би сакал Рубен да биде тука, но што е тука е. Нема сега седнам и да плачам пред вас. Ова е фудбал и вакви работи се случуваат и ќе се случуваат во иднина, ќе се обидеме да победуваме со играчите кои ги имаме на располагање“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…