Дома Фудбал Италија Проблем за Пирло: Јувентус остана само со еден класичен стопер

Проблем за Пирло: Јувентус остана само со еден класичен стопер

Eвропските гиганти имаа голем број репрезентативци кои почнуваат да чувствуваат последици поради пренатрупаниот распоред.

Имено, Јувентус остана без Мерих Демирал што претставува голем проблем за Андреа Пирло кој од претходно не може да смета на половина одбрана.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот Турчин така се придружи на искусните Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи, па сега Пирло од стоперите остана само со Матијас Де Лихт кој што туку се врати од повреда.

Јувентус утрово потврди дека Демирал заработил повреда на десната нога и ќе паузира десетина дена.

Демирал така сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Френцварош и Динамо Киев во Лигата на шампионите и Беневенто во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…