Дома Фудбал Останато Проблем за Лапорта: Барселона не може да регистрира ниту едно засилување!

Проблем за Лапорта: Барселона не може да регистрира ниту едно засилување!

Веќе на јавноста и се добро познати финансиските проблеми во Барселона, лошото работење на Бартомеу и неговите претходници може да колуминира ова лето.

Во Ла Лига има нешто како „селари кап“ во американските спортови со некои разлика. Пред стартот на сезоната на клубовите им се одредува буџетот кој се базира на нивното финансиско работење.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона во изминатите години констатно имаа најголеми буџети, но тоа може да се промени. Каталонците имаат навистина лоши финансии и сериозно намален буџет за плати.

Сега медиумите објавија дека Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига му соопштил на Лапорта дека клубот не може да ги регистрира Депај, Гарсија и Агуеро затоа што веќе сега со 200.000 евра над дозволениот буџет.

Клубот ги продаде Конрад де ла Фуенте, Фирпо и Тодибо, раскинат беше договорот и со Матеуш Фернандеш, меѓутоа не е доволно. Проблем е и договорот на Меси кој зема голема дел од буџетот, засега и тука е проблематично. Договорот на Меси заврши и веќе една недела Меси официјално е без договор.

Што планира Лапорта?

Ситуацијата би требало да се реши со заминувања на Пјаниќ, Умтити и Кутињо. Меѓутоа Умити изјави дека нема намера да го раскинува предвреме договорот, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Брујн воодушевен од соиграчот: Ќе испишува историја во наредните 15 години

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн (32) го пофали клупскиот соиграч, Фил Фоден (23…