Дома Фудбал Германија Проблем за Германија пред Мундијалот?

Проблем за Германија пред Мундијалот?

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане, ќе биде надвор од терените извесно време поради повреда на левата надколеница, соопшти денеска германскиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лекарските прегледи покажаа дека Сане го скинал левиот бутен мускул при вчерашната победа над Фрајбург (5:0), соопшти Баерн.

Од клубот не прецизираа колку долго германскиот репрезентативец ќе биде надвор од теренот, само изјавија дека „Баерн засега ќе остане без Сане“.

Сане одигра 76 минути и беше стрелец во убедливата победа против Фрајбург.

Следниот натпревар Баернг го игра со Аугсбург во среда во второто коло од Купот на Германија, пред да гостува во Хофенхајм во сабота во Бундеслигата и Барселона во Лигата на шампионите следната недела.

Повредата на Сане ја загрижи германската спортска јавност пред Светското првенство во Катар. Крилниот напаѓач е важен дел во составот на германскиот селектор Ханси Флик.

Германците на Мундијалот ќе играат во групата Е заедно со Шпанија, Јапонија и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Понуда поради која Нико Паз би можел експресно да замине од Мадрид?!

Нико Паз ова лето ќе се врати во Реал Мадрид, но би можел експресно да се врати назад во &…