Дома Фудбал Проблем за Барселона: Познато кои натпревари ќе ги пропушти Педри

Проблем за Барселона: Познато кои натпревари ќе ги пропушти Педри

Барселона денес објави ново соопштение во врска со повредата на младиот Педри кој доби удар во натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.

Офанзивниот фудбалер за врска е еден од најважните во системот на Чави и тој го повредил квадрицепсот и ќе мора да паузира околу еден месец. Барселона нагласи дека неговото враќање ќе зависи од напредокот во опоравувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонските медиуми пренесуваат дека Педри ќе пропушти најмалку шест, а најмногу осум натпревари.

Ова значи дека Педри нема да биде на располагање на Чави против Кадиз во ЛА Лига, потоа против Јунајтед во реванпот, па Алмерија и Валенсија и Билбао во Примера, како о полуфиналето од Копа Дел Реј против Реал Мадрид.

Тука треба да се додаде и дека Педри ќе ги пропушти двата натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа ако Барселона го помине Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …