Викендов екипата на Јувентус славеше против Фросиноне, меѓутоа „старата дама“ се соочи и со сериозни здравствени проблеми по овој дуел.
Фудбалерите од средниот Адриен Рабио и Винстон Мекени мораа да бидат заменети поради повреди. Деталните прегледи покажаа дека Рабио се здобил со повреда на палецот на ногата, додека Мекени има изместување на рамото.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двајцата се стандардни првотимци во составот на Алегри, а сега ќе мора да мируваат најмалку две недели. Тоа значи дека Алегри не ќе може да смета на нив во следното коло кога Јувентус има тешко гостување против Наполи.
Од претходно е позната ситуацијата со Погба и Фаџоли, па така средниот ред ќе биде сериозно ослабен. Ќе потсетиме, Јувентус во јануарскиот преоден рок го доведе само Карлос Алкараз од Саутемптон.
Во овој момент Јувентус е второпласиран на табелата со четири бода повеќе од Милан и девет бода негатива во однос на Интер.