Дома Фудбал Германија Проблем во Баерн: Претседателот јавно го критикуваше Ковач

Проблем во Баерн: Претседателот јавно го критикуваше Ковач

kovac

Пред само десет дена Нико Ковач беше омилен во Минхен. Со победата против Шалке (0:2), стигна до својата седма победа на клупата на Баерн во исто толку натпревари со гол-разлика 19:2.

Сепак, потоа баварскиот гигант одигра три натпревари и запиша еден пораз и два нерешени натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ситуацијата не е драматична“, порача претседателот на Баерн, Ули Хенес, но и јавно го критикуваше хрватскиот тренер,

„Ковач мора да превземе одговорност. Многу ги ротиравме играчите и тренерот е тој кој мора да одговара за резултатите. Започна се со натпреварот против Аугусбург, но потоа тој требаше да извлече поука. Се е до тренерот, тој одлучува и на крајот тој може да биде оној кој ќе ја плати цената“, гласеше изјавата на Хенес.

Претходно и легендарниот Стефан Ефенберг го предупреди Ковач дека не смее толку да ротира на почетокот на сезоната.

„Прави многу промени, премногу ротира. Мислам дека мора да се прилагоди и да се откаже од тоа. Прерано е во сезоната за такво нешто“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…