Реал Мадрид вчера објави дека Марсело и Модриќ се позитивни на коронавирус, но изгледа дека не се во прашање само тие двајца.
Шпанските медиуми пренесуваат дека покрај Модриќ и Марсело има уште петмина фудбалери на Реал заразени и така се доведува во прашање натпреварот кој Реал треба да го игра во недела против Кадиз. Според правилата на располагање еден тим мора да има 13 играчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Забранети се сите посети во тренинг комплексот на Реал, откажан е тренингот кој требаше да се одржи утрово, а сите играчи, тренери и вработени ќе прават ПЦР тестирање. Резултатите се очекуваат денес.
„,Марка“ објави дека Модриќ, Марсело и останатите фудбалери кои би биле позитивни ќе мора да бидат во изолација најмалку 10 дена, а тоа би значело дека нема да играат повеќе во 2021 година.