Дома Фудбал Лига на шампиони Проблеми за „ѓаволите“ – петмина играчи го пропуштија тренингот пред утрешниот реванш

Проблеми за „ѓаволите“ – петмина играчи го пропуштија тренингот пред утрешниот реванш

mou

Жозе Мурињо без петмина првотимци го водеше денешниот тренинг на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ утре ја пречекуваат Севиља во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Нулата“ на „Санчез Пизхуан“ секако е незгодно за фаворизираниот Манчестер Јунајтед кој доколку сака пласман во следната фаза ќе мора да победи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во овој натпревар избраниците на Мурињо влегуваат по победата над Ливерпул од 2:1 во градското дерби, но Португалецот ќе има одредени проблеми при склопувањето на тимот.

Имено, во понеделникот на тренингот во Карингтон не присуствуваа Пол Погба, Маркус Рохо, Дејли Блинд, Фил Џонс и Андер Ерера. Покрај овие лоши вести за „ѓаволите“ има и добри – се враќаат Ентони Марсијал и Златан Ибрахимовиќ.

„Не знам“, беше одговорот на Мурињо на прашањето дали Погба ќе биде спремен за настап против Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Скандал: Поранешен фудбалер на Евертон осуден на 20 години затвор!

Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и поранешен селектор на кинеската фудбалска р…