Дома Фудбал Лига на шампиони Проблеми за Покетино: Без 5 фудбалери против Интер!

Проблеми за Покетино: Без 5 фудбалери против Интер!

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампиони, а еден дерби меч се игра во Милано, каде Интер ќе го пречека Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот од Лондон има проблеми пред овој меч бидејќи тренерот Покетино не може да смета на дури петмина стандардни фудбалери.

Уго Лорис нема да биде на голот поради повреда, а отсутни од тимот се исто така Трипие, Алдервајлед и Деле Али.

Исто така од порано е познато дека е повреден Муса Сисоко, па Покетоно ќе има големи проблеми при составување на тимот.

Од друга страна Спалети ќе може да смета на сите фудбалери, откако првата ѕвезда Мауро Икарди целосно се рехабилитираше од повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сред Мундијалот: Кејн донесе одлука каде ја продолжува кариерата, ја соопшти и на челниците на Баерн!

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн донесе одлука за својата иднина и тоа сре…