Дома Фудбал Проблеми за Милан, се оддолжи враќањето на Мењан

Проблеми за Милан, се оддолжи враќањето на Мењан

Првиот голман на Милан, Мајк Мењан се уште не се рехабилитирал од повредата на мускулот, покажаа денешните лекарски прегледи.

Очекувањата беа дека Мењан ќе се врати на терените во јануари, но опоравувањето се оддолжи, па после две недели ќе оди на нови прегледи.

Французинот се повреди во септември и поради повреда го пропушти првиот дел од сезоната како и Светското првенство.

Очекувањата беа дека се опорави за време на паузата, но ќе биде надвор од терените најмалку уште три недели.

Тоа значи дека Мењан нема да може да брани на Суперкупот против Интер, кој на програмата е на 18 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

11 гола на 11 меча: Марота потврди дека Интер го следи Варела

Младиот напаѓач на Монца го привлече вниманието на Интер, но Марота признава дека конкурен…