Дома Фудбал Проблеми за Анчелоти: На четири дена пред Ел Класико се повреди клучниот играч од средниот ред

Проблеми за Анчелоти: На четири дена пред Ел Класико се повреди клучниот играч од средниот ред

Проблеми во Реал Мадрид пред важни натпревари. Тибо Куртоа и Едер Милитао долго време се надвор од кругот на играчи на кои Карло Анчелоти може да смета, повредени се и Арда Ѓулер и Дани Себаљос, а вчера, пет дена пред Ел Класико и вечерта пред натпреварот од Лигата на шампионите против Брага, се повреди и Камавинга.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот играч за врска на Реал го започна, но и предвреме го заврши тренингот на тимот во Португалија, каде вечерва од 21 часот Реал против Брага ќе го одигра натпреварот од 3. коло од групата Ц од Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми пишуваат дека до соблекувалната го придружувале двајца членови на лекарскиот тим. Камавинга се држеше за десната нога.

Предвреме тренингот го заврши и Чоамени, но во неговиот случај нема паника за сериозна повреда.

Останува под знак прашалник кој ќе користи тренерот на тимот доколку се покаже дека повредата на Камавинга е таква што ќе мора да паузира извесно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите помеѓу Ман Сити и Родри се прекинати

Манчестер Сити му понудија нов договор на Родри пред повеќе од два месеца, но двете страни…