Баерн Минхен преговара со Серж Гнабри за новиот договор.
Овој офанзивен фудбалер игра одлично сезонава и е еден од најдобрите фудбалери на Јулијан Нагелсман. Гнабри зад себе има учинок од 12 голови и седум асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговиот договор истекува во 2023 година во јуни и на големо се преговара за негово продолжува, но во овој момент има проблеми. Гнабри сака да остане во Барерн, меѓутоа бара и висока плата и Баерн одбива да му ја плаќа.
Јулијан Нагелсман го смета за еден од своите најважни фудбалери, па можеби и тоа е причината за високите барања на Гнабри. Гнабри сега заработува девет милиони евра за разлика од Левандовски кој добива 20 по сезона или Томас Милер со 15.