Дома Фудбал Германија Пристигнува ново големо име: Парижаните го договорија фудбалерот на „Милионерите“ за 50 милиони евра

Пристигнува ново големо име: Парижаните го договорија фудбалерот на „Милионерите“ за 50 милиони евра

Искусниот Бразилец, Тијаго Мота го напушта Париз следното лето бидејќи му истекува договорот, а управата на „Светците“ започна потрага по неговата замена.

Н’Голо Канте од Челзи е се уште примарна цел, но е недостапен бидејќи е добро платен на „Стемфорд Бриџ“, игра редовно и добро му е.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Затоа вниманието на Парижаните е насочено кон Бундеслигата, конкретно кон Борусија Дортмунд, кој има фантастичен фудбалер за продажба.

Се работи за Јулијан Вајгл, повремениот репрезентативец на Германија, кој неодамна се врати на терен по долгата пауза поради повреда. Париз Јунајтед, порталот кој ги следи сите случувања на ПСЖ, синоќа ја објави оваа информација со напомена дека главната личност за врска е Израелецот, Пини Захави.

Контроверзниот менаџер влезе во ПСЖ, така што посредуваше при пристигнувањето на Нејмар од Барселона изминатото лето, а сега како што се наведува вмешан е и во купувањето на Вајгл, кој би требало да пристигне за 50 милиони евра. Покрај тоа, Парижаните се подготвени и да го понудан голманот, Кевин Трап што Борусија би го дочекала со раширени раце, со оглед на проблемите кои ги има во последно време очајниот голман, Роман Биркиј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…