Дома Фудбал Останато Пристигнуваат уште полоши вести: Ван Дајк го пропушта и Европското првенство?

Пристигнуваат уште полоши вести: Ван Дајк го пропушта и Европското првенство?

Ван Дајк после повредата на коленото која ја заработи во дуелот со Евертон долг период ќе биде надвор од терените.

Првите најави беа дека Ван Дајк ќе отсуствува 7-8 месеци, меѓутоа сега пристигнуваат нови уште полоши вести. Последните информации говорат дека Холанѓанецот биде надвор цела година. На Островот пренесувајќи ги овие информации се повикуваат на извори блиски до клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ако ваквите информации се точни, Ван Дајк не само што ќе биде надвор од терените цела сезона, туку и ќе го пропушти Европското првенство кое се игра наредното лето.

Кога би се земал во предвид и тешкиот кам-бек по една толку долга пауза, „вистинскиот“ Ван Дајк би можеле да го очекуваме дури на почетокот на календарската 2022 година.

Ваквите информации се уште не се потврдени, па навивачите се надеваат дека станува збор само за шпекулации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…