Самуел Умтити со месеци е надвор од теренот поради тешката повреда на коленото.
Своевремено некои шпански медиуми шпекулираа дека ситуацијата е толку сериозна што Умтити поради споменатата повреда може и да ја прекине својата кариера. Сепак, по одреден период поминат на третман во Катар, францускиот стопер се врати во екипата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Умтити се приклучи на првиот тим во Каталонија, а иако од Барса не шпекулираат за датумот на неговото враќање на теренот, закпренувањето сега е во полн ек. Самиот факт дека Умтити се приклучи на екипата претставува одлична вест за Барса, но денеска пристигнаа и нешто полоши вести.
Имено, играчот за врска Артур Мело кој одлично се вклопи во екипата од минатогодишното доаѓање на „Камп Ноу“ се повреди и ќе паузира три или четири недели. Така сигурно ќе го пропушти натпреварите со Билбао, Ваљадолид и Севиља во Ла Лига, како и натпреварот во Лигата на Шампионите против Лион.
[INJURY NEWS] Tests carried out have confirmed that the first team player Arthur Melo has a left hamstring injury. He is expected to be out for around 3-4 weeks. pic.twitter.com/tYpNvlufsM
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 8, 2019