Дома Трансфер зона Пристигна како големо засилување, а само после 6 месеци го напушта Интер

Пристигна како големо засилување, а само после 6 месеци го напушта Интер

Кеита Балде ова лето пристигна во Интер како големо засилување, но не успеа да го оправда тој епитет во досегашниот дел од сезоната.

Напаѓачот пристигна од Монако на позајмица, но Интер ќе има право на откуп за 34 милиони евра на крајот на сезоната. Сепак, како што стојат работите уште сега е јасно дека „нероаѕурите“ нема да ги платат тие пари за Сенегалецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кеита во повеќето натпревари ја грее клупата, па италијанските медиуми пренесуваат дека може да го напушти Интер после само шест месеци и да се врати во Монако.

Интер сериозно размислува да ја прекине позајмицата и да го врати во Монако, но доколку тоа се случи Кеита нема долго да се задржи во „кнежевството“.

Имено, Вулверхемптон е силно зиантересиран за напаѓачот и ја чека одлуката на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…