Дома Трансфер зона Пристигна како голема ЅВЕЗДА, но заминува веќе во јануари?!

Пристигна како голема ЅВЕЗДА, но заминува веќе во јануари?!

Разделбата се поизвесна и тоа веќе во јануари.

Кога во текот на летото Весли Снајдер пристигна во тимот на Ница се очекуваше да биде огромно засилување за овој клуб. Но, наместо тоа Снајдер за само два месеци стана „персона нон грата“ во клубот низ кој поминува турбулентен период.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снајдер не се најде во комбинаициите на тренерот Лусијан Фавр на трите од последните четири лигашки натпревари.

Француските медиуми тврдат дека разделбата помеѓу двете страни е на повидок и дека тоа ќе се случи во јануари. Запрашан да го прокоментира останувањето на Снајдер на клупата за резерви, Фавр прокоментира: „Мора да се навикне да биде резерва“, што беше само дополнителна причина да ги разниша и онака лошите односи.

Како што сега стојат работите, Снајдер не би требало многу да чека за нов ангажман бидејќи наводно луѓе од турски Басакешир стапиле во контакт со луѓето од Ница и се спремни во своите редови да го доведат поранешниот фудбалер на Интер, Ајакс и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти го сакаат дефанзивецот на Челзи

Рома и Наполи се силно заинтересирана за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, прене…