Дома Трансфер зона Пристигна како голема ѕвезда, а сега е пред заминување после само една сезона

Пристигна како голема ѕвезда, а сега е пред заминување после само една сезона

Oткако Паулињо во изненадувачки трансфер ја напушти Барселона после само една сезона истото би можело да се случи и со Осман Дембеле.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот фудбалер не е задоволен од својот статус во Барселона, а и навивачите не се задоволни од неговите настапи. Целосно е надвор од форма и на Светското првенство во Русија е резерва кај селектор Дешам.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Дембеле е свесен дека во Барселона го чека уште една тешка сезона и дека побарал разговор со управата на клубот.

Според информациите Демебеле сака да знае каква улога ќе има следната сезона, знае дека Барселона покажува интерес за Вилијан, играч кој игра на неговата позиција. После разговорот со управата на Барселона ќе размисли дали ќе остане или ќе започне преговори со други клубови.

Барселона го доведе за 105 милиони евра (со бонуси кој на крајот може да изнесуваат и 150 милиони евра), наводно сега сака да го продаде за некој сличен износ.

Британски „Мирор“ пишува дека Манчестер Јунајтед е спремен да ја понуди споменатата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…