Шпански Ваљадолид го отпушти тренерот Хуан Хозе Рохо Пачета откако неговиот тим викендов прими шест гола од Реал Мадрид на „Бернабеу“.
Се најавуваше отказот на Пачета и претходно, а кастастрофалното издание против „кралевите“ во кое Ваљадолид со 4:0 губеше на полувреме само ја прели чашата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со овој пораз Ваљадолид се доведе во опасната зона. Тимот во овој момент 16-ти со со само бод повеќе првиот тим над опасната зона. Лошата форма на Ваљадолид е од средината на февурари од кога овој тим победи само еднаш.
На клупата на Ваљадолид Пачета пристигна во јуни 2021 година и тимот го водеше на 75 официјални натпревар, 42 беа во втората лига и 27 во највисокиот ранг на шпанскиот фудбал.
Засега клубот не објави кој ќе биде негов наследник.