Дома Фудбал Репрезентации Призна и самиот Дибала: Тешко ми е да играм покрај Меси

Призна и самиот Дибала: Тешко ми е да играм покрај Меси

Она што пред натпреварот со Перу го изјави селекторот Сампаоли сега го потврди и Паоло Дибала кој не беше повикан за овој натпревар во кој Аргентина одигра реми без погодоци 0:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Не ми е лесно да играм заедно со Меси бидејќи ние двајца играме на ист начин“, изјави Дибала.

Оваа изјава на Дибала ја прокоментира и Сампаоли кој како што кажавме пред натпреварот изјави нешто слично.

„Не гледам ништо лошо во зборовите на Дибала. Тој неколку пати истакна дека е среќен што игра покрај најдобриот фудбалер во светот. На него му е тешко да пронајде позиција во нападот бидејќи игра покрај интелегентен фудбалер каков што е Лионел“, изјави Сампаоли.

Аргентина во последното коло од јужноамериканските квалификации игра против Еквадор и доколку сака пласман на Светското првенство во Русија 2018 година мора да се избори за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Судир на гол мaшини: Холанд и Кејн постигнаа 131 гол оваа сезона!

Во четвртфиналниот дуел меѓу Норвешка и Англија на Светското првенство нема да се бори сам…