Еурофарм Пелистер во саботата започна голема победа против Вардар во Скопје, со овој триумф битолскиот состав дојде чекор поблиску до титулата.
Пелистерци во овој натпревар имаа и голема поддршка од своите навивачи кои пристигнаа во Скопје во голем број. На крајот средбата заврши со инциденти, посебно после натпреварот. „Комитите“ ги каменуваа автобусите со битолските навивачи. МВР сега соопшти дека приведени биле две лица, едно од Скопје и едно Битола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Инцидент имаше и во текот на натпреварот кога „Чкембарите“ влегоа во судир со полицијата.
„Во врска со инцидентите за време и по ракометниот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, кој се одржа во спортска сала на подрачјето на Аеродром, од страна на полициски службеници во полициска станица се приведени Д.А.(43) од Скопје и Т.Г.(37) од Битола и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во врска со настанот, во СВР Битола било пријавено дека околу 18.45 часот на бул.’АСНОМ’ во Скопје од повеќе лица биле оштетени два автобуса со прилепски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Прилеп и два автобуса со битолски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Битола, кои превезувале навивачи на спортски натпревар. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.