Дома Фудбал Претседателот на ПСЖ му одговори на Меси

Претседателот на ПСЖ му одговори на Меси

Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал-Келаифи му одговори на Лионел Меси на тврдењето дека не добил респект како освојувач на Мундијалот.

Меси нагласи дека бил единствениот светски шампион на Аргентина кој не добил призание од својот клуб, а на тоа веднаш одговори претседателот на ПСЖ.

„Како што сите можеа да видат, бидејќи клубот дури објави видео, прославивме со Меси на тренинг, а потоа прославивме и со него приватно. Но, со целосен респект кон него, ние сме француски клуб. Секако беше незгодно да се прослви на стадионот. Мораме да ја почитуваме нацијата која ја порази, неговите соиграчи од француската репрезентација, и секако, нашите навивачи“, изјави Ал-Келаифи.

Меси откако го напушти ПСЖ постојано отворено го напаѓа клубот и вчегува во препукувања со претседателот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата У21 генерација на проверка во Нови Сад, Данев верува во позитивен исход

Македонија ќе гостува кај Србија на 12 ноември, со состав насочен кон следниот квалификаци…