Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал Келаифи ги „исмеа“ шпанските медиуми поради написите дека Нејмар и Кавани ќе се преселат во Мадрид ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претседателот на „светците“ уште еднаш беше категоричен дека двете големи ѕвезди ќе останат во тимот и следната сезона.
„За Нејмар кажав веќе 10.000 пати. Тој сигурно останува во ПСЖ. Самиот фудбалер е изморен од шпекулациите за неговата иднина. Неговиот татко ми потвди дека неговата иднина е во ПСЖ“, изјави Ал Келаифи.
„Кавани исто така ќе остане, тој има договор за уште две години и е среќен во Париз. Шпанските медиуми се тие кои ги измислуваат овие стории. Ако им верувате, тоа е многу лошо за вас“, заклучи претседаетлот на ПСЖ.