Дома Трансфер зона Претседателот на Наполи ја откри иднината на Осимен

Претседателот на Наполи ја откри иднината на Осимен

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, категорично потврди дека Виктор Осимен останува во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Осимен блесна оваа сезона и со своите настапи му донесе Скудетото на Наполи, но и интерес од многу европски гиганти.

Наполи не сакаше да слушне за продажба за сума под 150 милиони евра, сума која европските гиганти не беа спремни да ја платат.

„Ќе го видиме Виктор Осимен како го носи нашиот дрес и следната сезона, тоа е сигурно. Потоа, ако дојде одлична понуда, ќе продолжиме и ќе најдеме друг врвен талент, како што направивме со Кварацкелија и со Осимен“, изјави Де Лаурентис.

Последните информации се дека двете страни се блиску до договор и наскоро Осимен ќе стави потпис на нов, побогат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…