Дома Трансфер зона Претседателот на Лион со јасна порака до Јуве: Дембеле не е на продажба!

Претседателот на Лион со јасна порака до Јуве: Дембеле не е на продажба!

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола испрати јасна порака до Јувентус дека младиот напаѓач Муса Дембеле не е на продажба ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус е во потрага по централен напаѓач, па откако се намалија шансите за ангажман на Икарди, медиумите почнаа да ги поврзуваат „бјанконерите“ со Муса Дембеле.

Меѓутоа, од Лион категорично потврдија дека Дембеле не е на продажба и дека ќе ја одбијат секоја понуда која што ќе пристигне на нивна адреса ова лето.

„Лион не е заинтересиран за никакви понуди за Дембеле. Тој е еден од симболите на нашиот нов проект. Не ме интересираше понудата на Манчестер Јунајтед, како ни таа на Јувентус. Станува збор за принцип, Дембеле не е на продажба“, јасен беше Ола.

https://youtu.be/cOV8LH1JMkI
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…