Дома Трансфер зона Претседателот на Лион го „олади“ Ливерпул

Претседателот на Лион го „олади“ Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе договори еден голем трансфер, Фабињо од Монако, а следна трансфер цел е ѕвездата на Лион, Набил Фекир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишниот француски репрезентативец имаше фантастична сезона со Лион, постигна 23 гола и запиша 9 асистенции во сите натпреварувања.

Фекир е трансфер желба на многу европски гиганти, но тој го избра Ливерпул, а некои медиуми тврдеа дека трансферот е „готова работа“.

Меѓутоа, денес претседателот на Лион, Жан Мишел-Ола изјави дека ништо нема да се случи до завршувањето на Мундијалот и истакна дека клубот не е спремен да преговара.

„Дефинитивно ништо нема да биде завршено до завршувањето на Мундијалот. Неговата цена не е поставена, бидејќи се уште не сме спремни да преговараме“, изјави Ола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…