Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига убеден: Роналдо и Гризман не одат никаде!

Претседателот на Ла Лига убеден: Роналдо и Гризман не одат никаде!

ronaldo griezman

Kристиано Роналдо и Антоан Гризман, нема да ја променат средината ова лето, барем според зборовите на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Тебас во разговор за „Онда Серо“ порача дека двајцата најдобри играчи на клубовите од Мадрид нема да ги применат клубовите и тоа тврди со прилична сигурност.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Немам дилеми – Роналдо и Гризман остануваат во Реал и Атлетико! Да ви објасна. На скала од 1 до 10 за заминување на Роналдо би дал четворка. Ете, толку сум загрижен. Тоа би било драматична работа за нас, но како лига стануваме многу силни и независини“, порача Тебас.

Меѓутоа од сите краеви на Европа пристигнуваат поинакви информации. За Роналдо најмногу се споменува трансфер во Манчестер Јунајтед, а нездоволството со кое зраши Португалецот зборува за тоа дека е сериозен во намерата да замине.

Кога во прашање е Гризман тој во текот на гостување во француската телевизија „ТF1“ oткри дека одлуката ќе ја донесе најдоцна до првиот натпревар на Франција на Мундијалот, а тоа е во сабота од 12 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…