Претседателот на Виљареал Фернандо Роиг изрази незадоволство од судењето во вчерашниот реванш натпревар против Ливерпул.
Роиг беше горд на своите играчи кои имаа 2:0 против Ливерпул на полувремето, иако на крајот изгубија со 3:2, но секако самото стигнување до полуфиналето од Лигата на шампионите е за големи пофалби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак претседателот на Виљареал го погоди ситуацијата од првото полувреме кога според негово мислење судијата Макеле пропуштил да досуди очигледен пенал после дуелот на Ло Селсо и голманот Алисон.
„Недосудениот пенал е скандал, се покажа дека овој судија не е доволно добар за вакви натпревари. Ова не е служи како изговор, но сите одлуки беа во корист на нашиот противник. Судењето беше скандалозно. Имаше многу ситни детали кои одеа во прилог на Ливерпул кој заслужено победи и на нив немам што да им приговорам. Горд сум на мојот тим што успеавме да дојдеме до оваа фаза“, порача Роиг.
Виљареал ќе мора да се задоволи со фактот што стигна до полуфиналето и што во една сезона успеа да елиминира гиганти како Јувентус и Баерн Минхен. Ливерпул од друга страна го чека противникот во финалето кој ќе биде познат после денешниот реванш помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.