Дома Фудбал Германија Претседателот на Баерн: Ако можам веднаш би го купил Килијан Мбапе

Претседателот на Баерн: Ако можам веднаш би го купил Килијан Мбапе

Ули Хенес зборуваше за плановите на Баерн во летниот преоден рок.

Екипата на Баерн ја заврши работата околу доведување на двајца фудбалери, во прашање се Лукас Ернандез и Бенџамин Павар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Бенџамин Павар и Лукас Ернандез се двајца фудбалери со кои потпишавме договор. Корентин Толисо практично е новајлија бидејќи е повреден цела сезона. Очекувам уште едно засилување во текот на летото“, изјави Хенес.

За Ернандез сумата е позната, Баерн на Атлетико му плати 80 милиони евра. За таа сума многумина проценија дека е преголема.

„Се прашувам зошто сум критикуван затоа што потрошив 80 милиони евра на Ернандез. Веќе ви кажав, не можеме да се бориме со најдобрите тимови од Англија и Шпанија, како и со Пари Сен Жермен“, порача првиот човек на клубот од Минхен.

Дали ќе потроши 100 милиони евра за некој играч?

„Сигурно не оваа година. Морам да признаам дека и 80 милиони евра до пред некоја година беше незамислива сума. Кога би можел веднаш би го купил Килијан Мбапе. Тој е фантастичен играч, но потребни ми се пари“.

Прашање е сега дали Баерн ќе тргне по Пепе од Лил, овој фудбалер се поврзуваше со Баерн во претходниот период и наводно Баварците се во пол позиција за доведување на овој играч. Едно од прашањата беше упатено и за иднината на тренерот Нико Ковач.

„Отказ на тренерот е еден од најтешките можни потези во фудбалот. Секогаш ги гледав како луѓе. Се чуствувам болно кога ќе му кажам на некој дека мора да замине. Отказот кој му го дадов на Хејнкес во 1991 година беше најголемата грешка во мојата кариера. Кога во прашање е Ковач, ми се допаѓа како го водеше тимот во тешките моменти во ноември. Тимот беше во транзиција. Морате да бидете трпелив, потребно е да се заменат Робен и Рибери“, заврши Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…