Дома Фудбал Претседателите на Јувентус и Интер на вечера разговарале за проблемот со коронавирусот

Претседателите на Јувентус и Интер на вечера разговарале за проблемот со коронавирусот

Овие денови секаде во светот, па така и во спортот една од главните теми е коронавирусот кој прави навистина големи проблеми.

До сега најголеми проблеми кога е фудбалот во прашање коронавирусот предизвикува во Италија. После неколку натпревари кои беа одложени, италијанската Влада во соработка со Серија А одлучи дека најдобро е до 3. април натпреварите да се играат зад затворени врати.

Голема прашина се крена и околу дербито помеѓу Јувентус и Интер кое требаше да се одигра на 1. март. Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели откри дека за овој проблеми разговарал со првиот човек на Интер Стивен Жанг.

„Жанг дојде кај мене дома на вечер. Убаво разговаравме. Сакаше да го решиме проблемот кој е заеднички, разговаравме за епидемијата. Навистина сум воодушевен, одличен човек и имам огромна почит кон него“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…