Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани одби да остане во ПСЖ и да се бори за Лигата на шампионите за да не го расипе неговиот нареден трансфер, меѓутоа медиумите сега пишуваат дека работите се промениле.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На големо се пишуваше дека следна дестинација на Кавани ќе биде Атлетико Мадрид. Меѓутоа од клубот соопштија дека поради пандемијата ос коронавирусот немаат доволно буџет за да ги исполнат неговите финансиски барања.
Кавани освен со Атлетико се поврзуваше со трансфер во Серија А, а како потенцијални дестинации се споменуваа Интер, Наполи и Рома. Но и тука се појави истиот проблем – никој не сака да му плаќа 12 милиони евра по сезона.
Сега изгледа како Кавани да остана на средина. Клубовите кои беа заинтересирани за него изгледа се откажаа, ПСЖ се спрема за Лигата на шампионите, меѓутоа Кавани не е со клубот и е на одмор.
Како се ќе заврши ќе видиме во наредниот период.