Дони ван де Бек е една од ѕвездите на Ајакс кои оваа сезона доживеаа комплетна афирмација и го воодушевија фудбалскиот свет.
За младиот играч за врска интерес покажуваат голем број на европски гиганти, но тој истакна дека е среќен во Ајакс и најави дека нема да форсира заминување од Амстердам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓу кандидатите заинтересирани за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед, Интер, Тотенхем и Реал Мадрид, а Ван ден Бек конечно се огласи за ваквите шпекулации.
„Мојата ситуација е јасна, имам договор со Ајакс и сум многу среќен овде. Никогаш не знаете што ќе се случи во иднина и затоа не можам да кажам ништо околу тоа каде ќе играм следната сезона“, истакна Ван де Бек.
Цената на Ван ден Бек во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра, но наводно раководството на Ајакс е спремно да го задржи уште една година, а самиот играч нема да форсира трансфер.