Голем пресврт се случи во последните денови и може да се случи Новак Ѓоковиќ да настапи на првиот Мастерс во сезоната.
Организаторите на Индијан Велс кратко соопштија дека Ѓоковиќ е ставен на листата учесници и дека ќе биде дел од ждребот. Ова е изненадување затоа што Ѓоковиќ воопшто не се наоѓа во САД бидејќи се очекуваше дека нема да може да настапи со оглед дека не е вакциниран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега донесена е одлука од организаторот Ѓоковиќ да биде на листата и ќе се чека потврда од Центарот за контрола на болести дали српските тенисер ќе има право за настап или не.
Позитивна работа за Ѓоковиќ е што во случај да настапи започнува од второто коло па ќе има колку-толку време да се припреми.
Novak Djokovic is on the tournament entry list, and therefore is placed into the draw today. We are currently in communication with his team; however, it has not been determined if he will participate in the event by getting CDC approval to enter the country.#IndianWells
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 8, 2022