Во јавноста пред некоку дена се појави информација дека Давид Силва постигнал договор со Лацио и дека ќе игра во Серија А, но сега може да се случи пресврт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на агентот со знакот на ФИФА Клаудио Анелучи кој е поранешен менаџер на Дибала и Кавани Пирло влегол во преговорите и се обидува да го убеди Силва место Лацио да се пресели во Јувентус.
„Со сигурност знам дека Пирло влезе во тие преговири, ова е вест која ја добив од неколку пријатели кои се важни луѓе. Да, договор помеѓу Лацио и Силва постоеше, но додека играчот не потпише трансферот не е завршен“, изјави Анелучи.