Дома Трансфер зона Пресврт: Марсијал останува на „Олд Трафорд“

Пресврт: Марсијал останува на „Олд Трафорд“

Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да му даде уште една шанса на Антони Марсијал во новата сезона, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првично, „црвените ѓаволи“ планираа да се разделат со Французинот и да го купат Дарвин Нуњез, но Уругваецот се пресели во Ливерпул.

Недостигот на друга алтернатива со добар квалитет по прифатлива цена, како и недостатокот на сериозен интерес за Марсијал на крајот доведоа до оваа одлука.

Новиот менаџер Ерик тен Хаг верува во квалитетите на Марсијал и сака да го задржи во тимот следната сезона.

Парите за офанзивен играч ќе бидат пренасочени за привлекување на крилен напаѓач, а прва мета е играчот на Ајакс, Ентони чија цена изнесува 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…