Дома Фудбал Пресврт: Кавани може да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Пресврт: Кавани може да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека Едисон Кавани сериозно размислува да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот.

Изминатите денови се тврдеше дека Кавани сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната и дека има договор со Бока Јуниорс.

Според ЕСПН, 34-годишниот Уругваец сега е подготвен да остане во Манчестер Јунајтед. Кавани и неговите агенти се подготвени да преговараат со Манчестер Јунајтед пред крајот на сезоната.

Оле Гунар Солскјер инсистираше да остане Кавани и според најновите информации напаѓачот е блиску да потпише нов договор на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На 16 години го урна рекордот на Белингам, но Англија остана со празни раце

Макс Дауман стана најмладиот фудбалер што заиграл за Англија до 21 година. Неговото истори…