Како што пренесуваат англиските медиуми, не е исклучено Златан Ибрахимовиќ веќе следното лето да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во МЛС лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибрахимовиќ игра одлично и оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, каде одигра 24 натпревари и постигна 14 погодоци, но сепак постои можност да го напушти тимот во една година.
Имено, Иба има договор на една година со „црвените ѓаволи“, но во него има клаузула за автоматско продолжување и за наредната сезона.
Според пишувањата на англиските, но, и на американските медиуми, тимот од Лос Анџелес е заинтересиран за услугите на Швеѓанецот и сака да го донесе следното лето.
Ибра никогаш не криел дека сака еден ден да заигра во МЛС лигата, а со евентуално реализирање на трансферот, Галакси ќе биде последниот клуб во богатата кариера на Швеѓанецот.