Италијанските медиуми пренесуваат дека и покрај силните шпекулации, Џанлуиџи Донарума најверојатно нема да го напушти Милан во летниот преоден рок.
После неколкуте грешки на крајот на сезоната и лошиот однос со фановите, медиумите во Италија тврдеа дека Донарума сигурно ќе го напушти Милан ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, од клубот потврдија дека нема да се раделат со младиот голман доколку тој самиот не изрази желба да го напушти „Сан Сиро“.
Доброинформираниот „Скај Италија“ пренесува дека Донарума нема намера да го напушти Милан и дека не го известил неговиот агент Мино Раиола да му бара нов клуб.
Во последните денови актуелната е темата за интересот на Ливерпул кон младиот голман, но „црвените“ не се спремни да платат 70 милиони евра, колку што бараат „росонерите“ за неговата слобода.
Самиот Донарума, но и раководството на клубот немаат намера да се разделат ова лето и најверојатно Џиџо ќе биде прв голман на Милан и следната сезона.
There aren't any adequate offers for Donnarumma or the desire of Gigio himself to leave Milan. Donnarumma's only desire is to omit the negative period and try to regain the trust and the affection of the fans
[@DiMarzio] pic.twitter.com/2UUO7QtZDa
— Milan Eye (@MilanEye) May 24, 2018