Иако се најавуваше дека се откажале изгледа сепак не е така.
Според денешното издание на „Мундо Депортиво“ екипата на Барселона во јануари ќе се обиде да го доведе Фелипе Кутињо и спремаат понуда од 120 милиони евра, а тоа ги налути луѓето во Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од директорите на Барселона, Оскар Грау поврди дека Барселона има пари и дека на зима повторно ќе тргне во напад на Кутињо.
Ливерпул е бесен што во текот на сезоната повторно започна на големо да се шпекулира за иднината на нивниот најдобар фудбалер, нивниот став сеуште е јасен, Кутињо не е на продажба по ниту една цена!
Сепак, во овој момент трансферот на Кутињо веројатно е ставен во втор план, на прво место како што е познато е обидите за што побрзо Меси да потпише нов договор.