Додека ја чекаме промоцијата се појави ново име.
Реномираниот новинар на „Скај“, Гилијем Балаг денес пресе дека Унаи Емери се наоѓа во Лондон на преговори со Арсенал!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако сите англиски медиуми денови наназад пренесуваат дека Микел Артета со сигурност ќе биде новиот меназер на Арсенал, денес се појави вест дека Емери веќе преговара.
Унаи Емери заработи отказ во Пари Сен Жермен после неуспехот во Лигата на шампионите и елиминацијата во 1/8 финалето, на негово место дојде Томас Тухел.
Иако во Париз немаше некој голем успех во Европа, Емери има искуство. Со Севиља три пати триумфираше во Лигата на Европа.
Информацијата доаѓа од „Скај“ и реномиран новинар, па останува да видиме дали навистина може да се случи голем пресврт и Артета да не седне на тренерското столче на Арсенал.
? Shock last-minute candidate alert! ?
Former PSG coach Unai Emery to be the new Arsenal boss?
?It's the gossip ? https://t.co/xnkqPZ92BS pic.twitter.com/eFt88u5uNf
— BBC Sport (@BBCSport) May 21, 2018