Дома Трансфер зона Пресврт: Анчелоти останува во Реал уште две години

Пресврт: Анчелоти останува во Реал уште две години

Во последниот период се шпекулираше за тоа кој би можел да го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид и неговото заминување се сметаше за сигурно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанецот има договор со „кралевите“ до крајот на годината и медиумите тврдеа дека сигурно ќе се раздели со Реал Мадрид на лето.

Притоа, се тврдеше дека веќе има договор со Бразил и ќе седне на селекторското столче на „кариоките“.

Меѓутоа, последните информации се дека Реал не сака да се раздели со Италијанецот и му предложил нов договор, а Анечелоти исто така сака да остане.

Преговорите се во напредна фаза и наскоро Анчелоти ќе стави потпис на нов 2-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…