Дома Фудбал Премиер лигата испраќа „лажен“ пехар на „Енфилд“, а оригиналот оди на „Итихад“

Премиер лигата испраќа „лажен“ пехар на „Енфилд“, а оригиналот оди на „Итихад“

Шампионската титула во Премиер лигата ќе се решава во последното коло, а во игра се екипите на Ливерпул и Манчестер Сити.

На табелата Манчестер Сити има еден бод повеќе во однос на Ливерпул. Поради ваквата ситуација раководството на Премиер лигата мора да биде спремно за доделување на пехар на две места.

Англиските медиуми пренесуваат дека ситуацијата ќе биде решена така што на „Енфилд“ ќе биде испратен копија од оргиналниот трофеј кој ќе оди на „Итихад“. Причината поради која што на „Итихад“ ќе биде оригиналот е што „граѓаните“ имаат повеќе шанси да слават, а освен тоа тие се и актуелен шампион.

Во последното коло Манчестер Сити ќе игра против Астон Вила која е предводена од Стивен Џерард, додека Ливерпул ќе се соочи со Вулвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камарда без простор во Милан: Следната шанса може да ја бара во Серија Б

Милан наводно планира нова јануарска позајмица за 18-годишниот напаѓач, кој по враќањето о…