Како што пренесува „Раи Спорт“, Њукасл тргнал во напад на ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Њукасл има огромен буџет за засилувања во зимскиот преоден рок, а најголема желба е токму Влаховиќ и нема да жали пари за да го донесе во своите редови.




21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А, но јасно е дека ќе ја напушти Фиорентина откако одби да го продолжи договорот.




Многу европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, но Њукасл сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од неверојатни 100 милиони евра.
Њукасл е спремен да ја плати таа сума веднаш за уште во јануари да го донесе Србинот на „Сент Џејмс Парк“.